еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето на Јанкулоска за набавката за луксузниот мерцедес

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во раздвоената постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

На вчерашното рочиште беа сослушани сведоци, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година.

Сведоците сослушани на досегашните рочишта во раздвоената постапка во случајот „Тенк“, се сослушани и во случајот кој веќе заврши со обвинителна пресуда од две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото и шест години и шест месеци затвор за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

МИА/Фото: Фејсбук/Јанкулоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанија денеска ќе и ги достави на Македонија снимките од бегството на Груевски

Редакција

За уставните измени кај Османи, евроамбасадорот, холандскиот амбасадор и заменик-шефот на мисијата во Амбасадата на САД

Редакција

(Видео) Стартува кампања за подигање на свеста на ранливите заедници за опасностите поврзани со трговијата со луѓе

Редакција