еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Монструм“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да се почне со изведување на 133.000 СМС-пораки и други транскрипти, предложени како дополнителни докази од Обвинителството.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапнци на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 457 заболени од Ковид-19

Редакција

Еден нов случај на Ковид – 19 во Врапчиште

Редакција

За Пендаровски шест месеци се премногу за решавање на спорот со Бугарија

Редакција