Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, како и шест вработени во УБК.
На обвинетите во случајот „Тврдина 2“ им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување.
Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.