еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Kон крајот на јануари и почетокот на февруари кај нас ќе видиме огромни броеви на новозаразени со омикрон сојот

Ефективниот репродукциски број Rt останува маргинално под единица веќе 5 недели со ред (на првиот дијаграм), што резултира со бавно, но сепак видливо намалување на дневниот број на нови случаи (на вториот дијаграм), вели во најновата анализа за ковид-состојбата во Македонија, професорот Дејан Трајковски.

„Особено охрабрува намалувањето на стапката на позитивни тестови, односно нејзината седумдневна подвижна средина (црвената линија на третиот дијаграм).

Прогнозите за наредните 2-3 недели се поволни, бидејќи до тогаш омикрон сојот, дури и да пристигне, нема да стане доминантен и броевите на нови и активни случаи постепено ќе се намалуваат (четвртиот дијаграм).

Сите овие показатели кажуваат дека ни зимата, а ни досегашните слави не направиле преголема штета на епидемиолошката ситуација во земјата.

Штетата е одамна направена, огромен дел од популацијата прележал и делта сојот си го зел својот данок.

Сега е време да гледаме нанапред, на доаѓањето на сојот омикрон и штетите што тој ќе ги предизвика.

Без никакво сомневање, доколку нашите здравствени власти не го спречат влегувањето на сојот омикрон во земјата, кон крајот на јануари и почетокот на февруари кај нас ќе видиме огромни броеви на новозаразени со омикрон сојот на вирусот.

Поради ограничениот број на тестирања, не поголем од 7.000, веројатно нема да видиме поголем број на случаи од 2.000 дневно. Сепак, можен е голем притисок врз болниците, бидејќи ние ќе се најдеме практично во нова епидемија, со оглед на фактот што досегашната прележаност и вакцинираност нема да значат многу.

Во ваква неизвесна ситуација, најправилната реакција на нашите власти би било затворање на државната граница и задолжителен 14-дневен или 21-дневен државен карантин за сите патници кои влегуваат во државата, со цел да го пролонгираме влегвањето на вирусот,“ пишува Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф.Трајковски: Вакцините се уште се ефикасно средство за заштита од смртен исход од Ковид-19, но се намалува ефективноста од спречување на зараза

Проф. Трајковски за Омикрон сојот: Вакцинирање со трета доза на постарите, а особено на тие вакцинирани со кинеските вакцини

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Весна од СДСМ и Весна од ВМРО-ДПМНЕ рекоа НЕ за „францускиот предлог“ пред Влада

Редакција

Убава вест: Оздравени 266 заболени од Ковид-19, најмногу од Скопје 152

Редакција

Законските измени за Бехтел и Енка се на штета на работникот и неуставни, порачаа од „Гласен Текстилец“

Редакција