еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Највисок морталитет од делта сојот имаат Крива Паланка, Кавадарци и Валандово

Ви ја пренесуваме новата анализа на професорот Дејан Трајковски, кој редовно на Фејсбук ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија.

“Вакви дијаграми, коишто ја прикажуваат врската помеѓу морталитетот од делта сојот на 100.000 жители наспроти опфатот со вакцинација, видовме за државите од Европската Унија. Слична споредба гледаме на следните два дијаграми, за општините во Македонија.

Пресекот за опфатот со вакцинација е направен на ден 26.09.2021, на средина од бранот на делта сојот, за вакцинираните со една доза постари од 18 години (сините прачки на првиот дијаграм).

Морталитетот од делта сојот е пресметан како прираст на бројот на починати од 18.07.2021 до 22.11.2021 година, пресметан на 100.000 жители (црвените прачки).

Вториот дијаграм ја прикажува истата зависност, но во скетер дијаграм, кадешто една точка прикажува еден град, а виолетовата линија прикажува експоненцијална регресија.

Се забележува извесна негативна корелација (r=-0,27, што додуша статистички не е многу значајна), односно во просек во општините со понизок опфат со вакцинација морталитетот бил повисок и обратно – во општините со повисок опфат со вакцинација морталитетот од делта сојот бил во просек понизок.

Големото расејувањето на податоците се должи на неземањето предвид на вториот фактор, поранешната прележаност (пред јули 2021), којашто додуша покажува уште помала негативна корелација со морталитетот од делта сојот.

Тука Кавадарци е многу редок и чуден исклучок. Иако пред доаѓањето на делта сојот Кавадарци имаше највисока кумулативна инциденца во државата (број на дијагностицирани на 100.000 жители) и истовремено втор највисок опфат со вакцинација на 100.000 жители (веднаш по Неготино), Кавадарци има трет највисок морталитет од делта сојот, веднаш по Крива Паланка и речиси еднаква со Валандово, а пет пати повисок од Неготино, општината со која ја споделува највисоката стапка на вакцинација.

Сепак, во просек останатите највакцинирани општини (Неготино, Битола, Ресен, Гевгелија, Берово) имаат понизок морталитет од делта сојот, додека најмалку вакцинираните општини (Гостивар, Куманово, Струмица, Дебар, Тетово, Кратово, Кичево) имаат повисок морталитет.

Таму не се случи чудо (освен донекаде во Радовиш), односно при низок опфат со вакцинација нема низок морталитет“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Новиот делта плус сој нема да предизвика силен бран и преполнување на болниците, максимум би имале 25.000 нови случаи

Проф. Трајковски: Епидемијата на Ковид-19 во Македонија постепно се ближи кон крајот, на пат е да премине во ендемија

Проф. Трајковски: Како ќе се намалува заштитата од вакцините, така ќе се појавуваат нови случаи преку целата есен и зима

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил судијата Герасимовски, кој поднесе оставка од Судскиот совет

Редакција

Македонија останува посветена на почитување и заштита на човековите права, вклучително и малцинските, велат од МНР

Редакција

Омикрон варијантата на коронавирусот се очекува да стане доминантна во Европа во првите два месеци од 2022 

Редакција