Три недели по започнувањето на второто полугодие во училиштата, апсолвиран е порастот на преносливоста на заразата и се враќаме на патот на нормализација, пишува во неговата нова анализа проф. Дејан Трајковски.
“На првиот дијаграм забележуваме дека втората грпка, вториот максимум на стапката на позитивни тестови била досигната во првата недела на февруари, а на вториот дијаграм гледаме дека ефективниот репродукциски број во истиот период имал благо поткревање.
Бидејќи децата претставуваат релативно мал дел во вкупната популација, зголемената преносливост во таа група многу не ја наруши општата тенденција на намалување на броевите на нови случаи во вкупната популација.
Продолжуваме со експоненцијално намалување, како што предвидува експоненцијалната регресија на третиот дијаграм.
Факторите на растот на дневните броеви, прикажани на четвртиот дијаграм, се на рекордно ниско ниво, така што во претстојниот период би требало да продолжиме со ова темпо.
Останува проблемот со новите потсоеви и соеви, меѓутоа времето е прекратко од последниот бран за за почеток на нов, позначителен бран. Голем дел од популацијата има скоро прележано, но што е уште поважно – има по втор пат прележано, што дава подолготраен имунитет од заразување.
Нов бран не би требало да се појави порано од 5 месеци по избувнувањето на моменталниот бран, но тоа би дошло во јуни, што се совпаѓа со почетокот на летото, така што растот на бројките не би требало да биде многу голем.
Со толку голем број на заразени од Омикрон сојот во светот, шансите за појава на нови опасни соеви на вирусот се сé уште прилично високи, па сé уште не е дојдено времето за целосно релаксирање и заборавање на превентивните мерки.
Додуша, кај нас речиси и не се применуваат, така што дури формално целосно да се укинат, нема да се забележи некаква голема промена.
Превисоката одвишна смртност, според која сме на второто, а можеби и првото место на светот, зависно од фактичкиот број на жители во државата, кажува дека ќе бидеме можеби првата земја во светот која ќе достигне колективен имунитет – под услов во меѓувреме да не се појави некаков нов сој којшто ќе го заобиколи тој имунитет“, пишува тој на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пановски: Од сите прележани, а невaкцинирани досега се починати 13, а од вакцинираните 1.000
Фото: Фејсбук/Трајковски