Ви ја пренесуваме новата анализа на професорот Дејан Трајковски, кој на Фејсбук редовно ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија.
“09.12.2021. Најновите пресметки на одвишната смртност од почетокот на епидемијата заклучно со 30.09.2021, врз основа на ноемврискиот билтен на Државниот завод за статистика, кажуваат дека бројот на одвишни умрени, над очекуваната сезонска смртност, изнесува 12.133 лица (со 95% интервал на доверба од 11.408 до 12.857 лица).
Вкупната смртност за 18 месеци епидемија, заедно со одвишната, е за 41,2% поголема од очекуваната сезонска смртност.
Одвишната смртност, пак, е за 81,8% (95% интервал на доверба од 71% до 92,7%) поголема од официјалната ковид смртност (таканаречена необјаснета одвишна смртност).
Доколку овие множители ги примениме врз смртноста заклучно со 08.12.2021, се добива дека одвишната смртност за време на пандемијата (официјално потврдени починати од ковид, но и нетестирани и нерегистрирани, т.е. починати во домашни услови, како и индиректни жртви на ковид поради нелекување на други болести) изнесува околу 13.993 починати (95% интервал на доверба од 13.157 до 14.828 починати).
Ова одговара на загубен град со големина помеѓу Свети Николе и Крива Паланка.
Релативната одвишна смртност изнесува 777 починати на 100.000 жители, сметајќи со популација од 1,8 милиони жители, со што сме изедначени со Бугарија на првото место во светот место во светот според одвишна смртност, според податоците на списанието Економист и универзитетот Џон Хопкинс (economist.com).
Нека ни зборуваат уште дека добро сме се справиле со епидемијата на Ковид-19“, пишува тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Проф. Трајковски: Новиот сој омикрон во Македонија ќе пристигне пред новогодишните празници
Фото: Трајковски/Фејсбук