еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Производителите на храна ќе добијат субвенции ако ги намалат или не ги зголемуваат цените

Инфлацијата е комплетно иста во цела Европа и потекнува од исти фактори – цената на основните житни култури е порасната над 70 отсто во текот на 12 месеци, а тие се основна суровина за производство на леб, а зголемена е и цената на енергентите, рече премиерот Димитар Ковачевски.

На почетокот Владата, рече тој, пристапи  со замрзнување на цените, но ако се замрзнат цените под трошоци на производство ќе има недостиг на храна.

Соопшти дека се одлучиле за таргетирани мерки за субвенционирање на индустрии што произведуваат основни прехранбени производи да им се помогне со енергенси и струја што ја користат, но под услов ако се намали или не се зголемува цената на производите што излегуваат од нивните капацитети.

-Се надевам дека во наредните една-две недели ќе дојдеме до решение прифатливо за производителите што ќе овозможи субвенционирање на енергенсите за нив, а тие да ја намалат или да не ја зголемуваат цената на основни пехранбени производи, рече Ковачевски  на прес-конференција на која ги соопшти мерките за поддршка на граѓаните и компаниите за полесно справување со економско-енергетска криза усвоени денеска на 88. редовна седница на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 1 декември посебна мерка за помош на производителите на леб, масло и други основни прехранбени производи

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Рамиз Мерко има уште 14 активни предмети

Редакција

(Графикон) Просечната возраст на заболените со коронавирусот во Македонија е 43,8 години

Редакција

Огромен успех: „Медена земја“ во престижен круг кандидати за „Оскар“

Редакција