ПроКредит Банка како општествено одговорна компанија продолжува со организација и реализација на зелени активности, како дел од иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам, информираат од Банката.
„На 11 ноември организиравме трета голема акција за пошумување во соработка со ЈП Национални Шуми. Пошумување се изврши во регионот на Свети Николе, кој важи за предел со слаби врнежи и недоволна покриеност со шума.
Оваа акција за садење дрва е под иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам, со која го заокружуваме есенските активности за пошумување на зелени површини во 2021 година. Засадивме 3.800 садници од дрвниот вид Аризонски Чемприс и Црн Бор на површина од 1,5 хектари заедно со ЈП Национални Шуми.
Кампањата #СеГрижамДелувамМенувам е платформа која опфаќа разновидни активности во доменот на зачувување на животната средина во борба против климатските промени.
Грижата за околината во која живееме и работиме е наш приоритет и сакаме преку нашиот личен пример да ги мотивираме и поттикнеме сите општествено одговорни компании да ни се приклучат за заедно да го намалиме негативното влијание кое го имаме кон животната средина,“ изјави Методија Миноски, раководител на одделот за животна средина во ПроКредит Банка.