еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со своја верзија за настаните во Собрание, откако вчера не се изгласа недоверба на Владата

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ утринава излегоа со партиски соопштенија по повод настаните кои вчера се случуваа во Собранието.

Откако опозицијата не успеа да обезбеди мнозинство за изгласување на недоверба на Владата, односно пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи не се појави во Собрание, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „требаше да киднапираат пратеник само за да опстои владата, Зоран Заев е најлошото за Македонија.“

„Власта не покажа дека има мнозинство, владата на Заев е единствена која немаше пратеници да ја бранат. Владата на губитникот Заев е делегитимирана. Губитникот Заев има само 59 пратеника плус еден киднапиран пратебик.

Цел ден се држеше во заложништво пратеник, кој на крај не се појави во Собранието, туку беше пуштен преку видео после сите стравувања за неговата безбедност.

Со недемократски методи на владеење ќе тонеме на листите на релевантните меѓународни институции како Транспаренси или на листите на списанијата како Економист,“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак велат дека „Христијан Мицкоски со денови ја лажеше јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство во Собранието и гласање недоверба на Владата.“

„Вчера тој меур од лаги се распрсна уште на почетокот на седницата во Собранието.

Очаен од поразот, Мицкоски вчера ширеше невистини за наводно киднапрање на пратеник, а истиот пратеник јавно објави дека бил под закани токму од опозицијата.

Народот повторно е излажан од Христијан Мицкоски и затоа наместо да шири невистини, Мицкоски треба да се засрами, да излезе и да им се извини на граѓаните, а потоа и да си даде оставка,“ велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците: Актуелното мнозинство докажа на кој начин останува на власт

Лидерот на Алтернатива, Гаши: Не сакаме брзи избори, тоа не е чесно према граѓаните

Според лидерот на Беса, Касами, видеото на неговиот сопартиец Реџепи е направено под присила

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Жикол“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за изградба на пат меѓу Старо и Ново Коњарево вреден 82 милиони денари

Редакција

Отворени превирања во СДСМ: Каде „зариба“ работата меѓу Куманово и Скопје?

Редакција

Партијата на Меркел: Опозицијата во Македонија да не блокира зашто ризикува долготрајна изолација на земјата

Редакција