еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Промовирано шибенско-македонско пиво во чест на кардиохирурзите кои ја извршија првата трансплантација на срце во државава

Во Шибеник денеска е промовирано првото шибенско-македонско пиво „Herz”, како резултат на соработката, знаењето и искуството на искусните крафт мајстори на пивото од пиварите Pivovara 022 Ведран и Лука Шкугор од Шибеник и Pivovara HotchPoch Скопје/Загреб, Круме Ивановски и Димитрие Јовановски од Скопје.

Тие произведоа пиво со хумана порака за подигањето на свеста за донирање на органи и спасување на животи. Пивото е во чест на проф. д-р Сашко Јовев, македонски кардиохирург, кој по мајка е Шибенчанин, од Универзитетската клиника за државна кардиохирургија во Скопје и тимот во кој, меѓу другите беа и академик д-р Жан Митрев од клиниката „Жан Митрев“ и д-р Александар Николиќ од „Аџибадем Систина“, кој на 23 мај успешно ја изведе првата трансплантација на срце во државава.

„Herz” е прво спомен пиво во светот посветено на некој кардиохирург, неговата екипа и трансплантацијата на срце. Македонските кардиохирурзи на кои им е посветено пивото “Herz“ се особено задоволни и го оценуваат како одличен е секој обид и иницијатива која оди во прилог на подигнување на свеста за донирање на органи и спасување на животи.

На прес – конференцијата по повод промовирањето на пивото преку видео врска се вклучи проф. д-р Сашко Јовев, кој изрази благодарност и ја нагласи неговата емотивна поврзаност со Шибеник.

Првата тура од производството на пивото е веќе распродадена низ Хрватска, уште пред неговата денешна промоција.

На прес – конференција, меѓу останатите видни личности од општествениот и стопанскиот живот во Шибеник, беше присутен и вршителот на должноста во македонската амбасада во Хрватска, Назиф Џафери и градоначалникот д-р Жељко Буриќ, кој неодамна со делегација од градот, а со посредство на невладината организација „Хрватско-македонска тангента“ го посети Скопје.

Во своето обраќање Џафери ја истакна посебната хумана димензија што ја има овој настан и пораката од нашата држава која стаса до Шибеник. Тој изрази надеж дека ова хумано дело организаторите ќе го претворат во една успешна економска соработка меѓу партнерите и државите.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ ја предложи Ана Павловска-Данева за судија во Уставен, на местото на Јовески

Редакција

Од 1 октомври пониски цени за за роаминг за мобилен интернет меѓу Западен Балкан и ЕУ

Редакција

Денеска посебен режим на сообраќајот во Скопје

Редакција