еМагазин
Image default
Локално

Пронајден починат 44-годишен кавадарчанец

Четириесет и четиригодишен кавадарчанец бил пронајден починат, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Тој појасни дека случајот бил пријавен во ОВР Кавадарци вчера во 13.50 часот.

– Било пријавено дека во објект бил пронајден починат 44- годишникот од Кавадарци. Смрт без траги на насилство констатирал лекар, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција, рече Додевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Повредено 8-годишно дете се спаси себе си и татко му после сообраќајка на патот Дреново- Кавадарци

Редакција

Прекината традицијата на искачување на Исарот: Вкупната бројка на заболени од корона вирусот во Штип изнесува седум

Редакција

Расветлена кражбата на парите за пензии за пробиштипските пензионери

Редакција