еМагазин
Image default
Македонија

Пропадна уште еден обид на власта и опозицијата да се договорат за законот за Јавно обвинителство 

Работните групи во врска со законот за Јавно обвинителство денеска одржаа куса средба на која не беше постигнат договор.

Како што посочија министерката за правда Рената Дескоска и пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу нив имаат суштински разлики во ставовите и дека ќе остават простор во партиите повторно да бидат разгледани сите точки со цел нивно усогласување.

Пред средбата на работните групи министерката Дескоска истакна дека не може да биде оптимист знаејќи со кого преговара, но оти ќе направат се од нивна страна да има стандарди во законот и ќе покажат добра волја таму каде што има простор.

Дескоска рече дека имаат волја да отстапат до таму до каде што ќе се придржуваат во рамки на европските стандарди и дека надвор од тоа нема да отстапуваат.

– Имаме повеќе клучни разлики, процедурата за заштитни механизми, именување на обвинител на челото на новото обвинителство, потоа дали воопшто ќе има ново обвинителство – постои разлика, и трето преодот на случаите, водењето на случаите, значи да се направи солидна правна рамка ако веќе го укинуваме Законот за Специјалното јавно обвинителство, треба тие работи да бидат правно изрегулирани со цел да нема никакво сомневање, рече Дескоска.

Денешната средба на работните групи за законот за јавно обвинителство е прва по лидерската средба на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски која се одржа на почетокот на овој месец и од која не произлезе никакво решение.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БНТ се емитува во Македонија, а МРТВ не во Бугарија, Ковачевски ќе прашал зошто

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 766 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Ако по 5 до 7 години од преговорите со ЕУ, се уште имате проблем со Бугарија, вие ќе станете Швајцарија – колку лошо е тоа?, вели холандскиот амбасадор

Редакција