еМагазин
Image default
Бизнис

Проверете што може да носете при влез и излез од Македонија

Во време на зачестено патување надвор од Македонија, поради летните одмори, добро е да знаете што можете да внесете или изнесете при влез или излез од државата.

Според информациите кои ги објави Царинската управа, при влез во државата дозволено е внесување на 200 циграри, 100 цигаролоси, 50 пури и 250 гр. тутун.

Дозволен е внес на 2 литри алкхохол до 22% и 1 литар алкохол над 22%.

При излез од државата дозволен е изнес до 2.000 евра, а износот од 2.000 до 10.000 евра треба да го пријавите и да приложите доказ за потекло од банка или менувачница.

При влез дозволен е внес на 10.000 евра, а секој износ над треба да се пријави.

Дозволен е внес на парфеми до 50 милирити и тоалетна вода до 250 милилитри.

Стоката од некомерцијална природа која ја внесувате од странство во вредност до 350 евра е ослободена од плаќање на увозни давачки, со исклучок на алкохолни пијалоци, преработки од тутун, парфеми и тоалетна вода.

За секој домашен миленик сопственикот треба да има пасош и ветеринарно-здравствен сертификат.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев не сакал да биде ист како претходната власт, па ќе бара чаре за партиските вработувања

Редакција

„Европа“ ќе исплати дивиденда во бруто износ од 60 денари по акција

Редакција

Битиќи ја одби поканата на Мицкоски за средба, го покани на Економски совет да ги презентира мерките

Редакција