еМагазин
Image default
Македонија

Првичната проценка за пик од 2.500 заразени со корона вирусот, се намали на 1.700

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека власта сака и очекува да има помал број заразени со Ковид-19, но и оти се подготвуваат за голем број на пацинети.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на онлајн прес-конференцијата рече дека според нивните последни анализи, можно е оваа бројка да биде меѓу 1.600 и 1.700.

– Се уште не се опуштаме, сметам дека е рано, така сметаат и епидемиолозите и експертите од Комисијата за заразни болести и така ги препорачуваме и димензионираме мерките затоа што така сакаме да продолжи овој тренд, вели Филипче.

Посочи оти првичната проценка дека бројот на заразени ќе стигне меѓу 2.000 и 2.500, била правена врз основа на тогашниот број на пациенти и тогашната претпоставка како ќе се движи кривата.

Веројатно, вели Филипче, сега проценките би биле поинакви.

Во однос на тоа кога се очекува пикот, министерот посочи оти не би избрзувале и оти сакаат да видат последователно повеќе денови еден ваков тренд за да кажат дека е поминат пикот.

– Оваа недела, евентуално следната, периодот околу 1 мај, така беа првичните предвидувања. Од тоа од што стравуваме е да не станува збор за поединечна варијација, како што беше во едно друго сценарио кога имавме еден пик во смисла на исклучок на над 100 дијагностицирани пациенти.

Така што, сметам дека се уште не би избрзувале. Сепак, сакаме да видиме последователно повеќе денови еден ваков тренд за да кажеме, добро, поминат е пикот, и да очекуваме во континуитет и во следните денови намалување на бројот на случаи.

Искрено се надеваме дека така ќе биде. Но, малку е рано иако трендовите тоа ни го најавуваат, но сме многу внимателни, додаде Филипче.

МИА/Фото: Факултет за ветеринарна медицина

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во земјите каде што се дава БСЖ вакцина, кривата на заболени од корона вирусот се разликува од оние кои ја немаат во вакциналниот календар

Филипче за 1.Мај: Предлогот е од четврток навечер до понеделник наутро да има полициски час

Не очекува нов бран на зараза со корона вирусот на есен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројно убиство во Дебар: Со пиштол им пресудил на родителите и 14-годишната ќерка

Редакција

Тестовите за корона вирусот кај двајцата странци се негативни

Редакција

Приведени тројца градежни работници за пожарот во Универзална сала

Редакција