еМагазин
Македонија

Отворен пункт за брзо тестирање за Ковид-19 во Куманово

Отворен е пункт за брзо тестирање за Ковид-19 во Куманово, соопштија денеска од Здравствениот дом, чии екипи од утре ќе почнат да го вршат тестирањето. Пунктот се наоѓа во кругот на кумановската болница, спроти невролошкото одделение.

– Засега добивме 250 тестови. Пациентите можат да се тестираат, ќе има термини кои можат да се закажат преку матичните лекари. Пунктот ќе работи од 8 до 13 часот. Очекуваме да добиеме дополнителни брзи тестови, изјави директорот на Здравствениот дом во Куманово, Фарук Алили.

Претходно, како што информираше главната сестра од Здравствениот дом во Куманово, таа локација се користела за вакцинација против сезонски грип, по што беше донесена одлука вакцинацијата која ја спроведуваат екипите да се спроведува во вакциналниот пункт „Тоде Мендол“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија ни спрема писмен документ со обврски

Редакција

Мијалков и Тачи со помали казни за „Титаник 2“, сите обвинети добија по две години затвор

Редакција

Tим на МВР веќе е на пат за Бугарија и стои на располагање за помош, вели Спасовски

Редакција