еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рамиз Мерко останува градоначалник на Струга, Идри Истрефи го призна поразот

Кандидатот на ДУИ, Рамиз Мерко останува градоначалник на Струга.

За неговата победа во вториот круг од Локалните избори потврдија од ДУИ, а поразот го призна и кандидатот за градоначалник од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Идри Истрефи.

– Почитувани граѓани, мои стружани. Не успеавме. Се боревме против една цела власта со сета енергија која што ја имавме. Но, изгледа не беше доволно да ја победиме во Струга. Животот продолжува. Заедно со него и напорите за да го направиме најдоброто за Струга, за генерациите кои што доаѓаат.

Ќе анализираме каде погрешивме. Ќе има длабока рефлексија. Ваквиот развој на настаните никако не треба да влијание на животот на обичниот стружанец. Но, сакам да Ви се заблагодарам за вашата доверба и да Ви се извинам што не можев да направам повеќе, напиша Истрефи.

Фото: Мерко/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се зголемува бројот на активни случаи на Ковид-19 во скопските општини Центар и Карпош

Редакција

Ги убедија ли Меркел, Курц и Столтенберг граѓаните да излезат на референдум

Редакција

Девет нови заразени од корона вирусот во Прилеп и први два случаи во Крушево

Редакција