Со секојдневното зголемување на мерките за безбедност на повисоко ниво, а со цел да се зачува јавното здравје кој е еден од темелните принципи, Рамсторе Македонија продолжува да дава се од себе исполнувајќи ги сите безбедносни мерки се со цел да го заштити здравјето на потрошувачите и своите вработени.
За таа цел, согласно препораките на СЗО, Рамсторе Македонија постојано потсетува и повикува на почитување на превентивните мерки, за грижата за јавното здравје како што се: одржување на меѓусебното растојание од 1,5 метар кое не зашитува сите нас ни овозможува зачувување на личното и колективно здравје, за поголема заштита и намалени контакти препорака до своите потрошувачи да користат бесконтактно плаќање без да се внесе пин код заштитувајќи се себеси и другите како и поедноставно спроведување на плаќањата.
Во оваа прилика сакаме да им изразиме голема благодарност на сите банки кои ни излегоа во пресрет на нашето барање со тоа што овозможија во сите наши маркети бесконтактно плаќање до 2.000 денари се со цел да придонесеме кон зголемување на мерките за заштита, вели Ајхан Узун, генерален директор на Рамсторе Македонија.
Согласно најновата мерка на Владата за ограничување на движењето на граѓаните, правиме сé што можеме за да ги обезбедиме производите кои им се потребни на потрошувачите и на нивните семејства.
Безбедноста на потрошувачите и на нашите вработени е наш највисок приоритет. Вложуваме максимални напори сите потрошувачи да се чувствуваат добредојдени и безбедни во нашите маркети, додава Ајхан Узун потсетувајќи дека дневно 5 пати се дезинфецираат сите колички, кошници за пазарување, пос уредите и касите во сите Рамсторе маркети.
За крај, би сакале да искажеме огромна благодарност до сите за разбирањето кое го покажуваат во овие ситуации на кои не сме навикнати, а се предизвикани од вонредните услови низ кои поминуваме.
Им благодариме на сите добавувачи на производи и услуги кои нѝ даваат поддршка со сета своја сила за полиците да бидат полни, како и на сите наши вработени кои работат со голема посветеност и пожртвуваност.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА