еМагазин
Image default
Македонија

Рангелова: Ни треба проатлантски ориентирано ВМРО-ДПМНЕ, а не изолација

Даниела Рангелова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Унијата на жени на партијата на својот Фејсбук-профил се огласи по повод вчерашните превирања и го честиташе денешниот празник.

„Денес го чествуваме денот на Македонската револуционерна борба, денот на основањето на историското ВМРО чиј сон денес ние го живееме.

Она што во моментот нас ни треба е едно ВМРО ДПМНЕ, силно, сплотено и единствено, а не поделено и раскарано!

Проевроатлански ориентирано, а не изолирано!

Ни треба разум и храброст а не очај и паника!

Ни треба просветлување и чекорење напред а не прочистување!

Ни треба визија за иднината на партијата и државата а не страв од неочекуваното!

Ни треба зајакнување а не недоверба!

Ни треба слободна и демократска мисла а не едноумие и ретроградност!

Ни треба политичко делување а не послушност и сервилност!

Ни треба соочување и решавање на проблемите а не пак креирање на лажни очекувања и повторно разочарување кај членството!

Ни треба ПОБЕДА а не ПОРАЗ!

Нека ни е честит и вековит денешниот голем државен празник преку чие одбележување искажуваме почит и ги воспеваме големите дејци на македонска идеја на самобитност“, напиша Рангелова.

Фото:ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трета доза на вакцина ќе може да примаат и граѓаните вакцинирани во странство

Редакција

За Ципрас Преспанскиот договор е пример за Бугарија и Србија

Редакција

И Катица Јанева спроведена во Идризово, треба да одлежи седум години за „Рекет“

Редакција