еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рашковски следната недела ќе поднесе кривични пријави против обвинителките Русковска и Трајчева

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски против кого се води судски спор за случајот „Софтвери“ денеска најави дека идната недела ќе поднесе кривични пријави против обвинителките Вилма Русковска и Ивана Трајчева.

„Во своето полноќно беседење, суспендираната обвинителка Вилма Русковска ја повика Амбасадата на САД и Канцеларијата на Европската Комисија „да обрнат посебно внимание на предметот со Рашковски“, за да после неколку недели кога е повикана од моја страна како сведок, направи неколку чекори наназад изјавувајќи дека „Не можам да местам нешто што не сум го работела. Колешката Ивана Трајчева ја водеше истрагата. Јас учествував само во пред-истрагата“, посочува Русковска за „А1он“.

Дали откако „не ѝ упали“ овој очаен обид, сега се дистанцира од сè она кое е направено во овој предмет и ја префрла целата вина врз осомничената обвинителка Ивана Трајчева?

За прв пат се сложувам со ВР. И не само што се сложувам, туку и ќе ми биде особено драго доколку сите претставници на странски институции во државата со кои делиме исти вредности го следат овој случај чијшто императив не е само докажување на злонамерно постапување на обвинителите и невиност на обвинетите, туку поголем е императивот на прогрес на правосудството.

Ако случајот со Финансиската полиција и ОЈО ГОКК беше основа за покренување на кривична постапка против двете обвинителки, тогаш со поднесување на кривичната пријава идната недела и претставките до Советот на јавни обвинители, јавноста ќе види колку поголемо самоволие имало од страна на овие обвинителки пред година и пол.

Криење на докази, фалсификување докази, ставање на терет на кривични дела за кои се знае дека не се случиле се само мал дел од она за кое ќе бидат поднесени кривични пријави и јавноста ќе биде известена.

Сакавте својата неефикасност и непрофесионалност или селективност во борбата против криминалот и корупцијата да ја покриете со овој случај, па дури пред да заспиете на полноќ пишувавте до амбасади да го следат внимателно случајот.

Ајде да се согласиме и секое судење да оди јавно како што тоа се прави во напредните правни системи?,“ се вели меѓудругото во дописот до јавноста од правниот тим на Рашковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рашковски ја викна Русковска на соочување за „Софтвери“ и најави кривична

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На кислородна поддршка 43, на респиратор 11 пациенти заболени од корона вирусот

Редакција

Обвинителство: Се уште нема осомничени за тројното убиство во Дебар

Редакција

На битолчанец наместо вода во угостителски објект му било дадено корозивно средство

Редакција