Поради нападите на Израел на Појасот Газа во кои досега загинаа речиси 10.000 лица, неколку земји ги повлекоа своите амбасадори од земјата.
Последна така одлука донесе африканската земја Чад, од каде ја осудија „загубата на животот на многу невини граѓани во Газа“.
Од таму повика на прекин на огнот „што ќе доведе до стабилно решение за палестинското прашање“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чад е шеста држава која го повлекува амбасадорот, а претходно своите амбасадори од Израел ги повлекоа Турција, Хондурас, Чиле, Колумбија и Јордан.
Боливија пак целосно ги прекина дипломатските односи со Израел
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Како изгледаат тунелите на Хамас кои се клучни во војната со Израел
Вознемирувачки видеа од битките на Хамас и Израел
(Вознемирувачки видеа) Во Газа за 4 недели убиени повеќе цивили отколку во Украина за 1,5 година
Фото: Унсплеш