еМагазин
Image default
Локално

Рестрикции на водата во Тетово

Јавното комунално претријатие „Тетово“ воведува рестрикции во водоснабдувањето поради драстично намалување на дотокот на количини на вода откако се појави дефект на главниот цевковод од новиот систем.

Вчера беше утврдено дека е скината пластична цевка од цевководот кој носи вода од месноста Лешница преку новиот систем за снабдување до градската водоводна мрежа. Оваа рестрикција ќе биде трае се до санирање на дефектот на водоводната линија од Лешница.

Здружението „Еко Герила“ побара да се испита како се изградил новиот водоснабдителен систем за Тетово поради честите дефекти и прекини во снабдувањето. Според нив, независна комисија треба да утврди дали системот е направен согласно сите стандарди.

„Честите дефекти во новоизградената мрежа во Лешница оставаат сериозни сомневања за квалитетот на градбата, при што многу граѓани ја имаат изгубено довербата во сериозноста на работите кои ги реализира или нарачува Општина Тетово.

Истражна комисија од независни експерти треба да го испита нивото на изградбата на оваа мрежа и дали таа ги исполнува потребните стандарди и параметри за нормално функционирање и редовно снабдување со вода за пиење на градот Тетово“, се вели во соопштението од „Еко Герила“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен маж кај кого полицијата откри 39 банкноти од 100 евра со ист сериски број

Редакција

Обид за полов напад врз млада скопјанка на улица „Јордан Мијалков“ во Скопје

Редакција

Скопјанка на возраст од 65 години агресивно се однесувала кон полицајци

Редакција