еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 206.163 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 458.040 граѓани, информира Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 281.847 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 3.263 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 5.407 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 488.010 дози вакцини, а ревакцинирани се 206.163 граѓани.

Со последните бројки 51% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција го отворила прашањето за „контраверзната“ изјава на Заев за “јазикот и македонското малцинство“ со Столтенберг

Редакција

Димитров: Го направивме невозможното, докажувајќи дека чудата се можни

Редакција

ДИК, се предомисли, го врати старото Упатство за важечки и неважечки ливчиња

Редакција