До 31 март е продолжен рокот за користење на финансиската поддршка од 6.000 денари за граѓаните. Одлуката е донесена денеска на 38-та владина седница.
„Со ова продолжување на рокот за финансиска поддршка од 6.000 денари, околу 22.000 граѓани на кои им следува оваа финансиска поддршка, а кои не ги ажурираа своите податоци во банките, како и 2.132 граѓани на кои им се уважија приговорите, ќе можат да ја искористат оваа финансиска поддршка како една од Ковид-19 мерките за ублажување на последиците од пандемијата“, се вели во соопштението од Владата.
Финансиска поддршка од 6.000 денари добија граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали: Поднесени 78.000 приговори за помошта од 6.000 денари, одговори на мејл
Сите детали: Еднократна помош од 6.000 денари и за граѓаните со блокирани сметки