еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Русија ќе распореди нуклеарно оружје во Белорусија, најави Путин

Русија ја зеде Белорусија за „нуклеарен заложник“, оцени денеска Киев, откако рускиот претседател Владимир Путин најави распоредување нуклеарно оружје на белоруска територија.

„Кремљ ја зеде Белорусија за нуклеарен заложник“, објави на Твитер секретарот на Украинскиот Совет за безбедност, Алексеј Данилов.

Тој додаде дека оваа одлука е „чекор кон меѓународна дестабилизација на земјата“.

Путин се закани дека ќе користи гранати со осиромашен ураниум во Украина доколку Киев ги добие од Запад.

Тој додаде дека Москва ќе распореди „тактичко“ нуклеарно оружје на територијата на својот сојузник Белорусија, земја која се наоѓа на вратата на Европската Унија.

МИА/Фото: Кабинет на Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Пановски: „Кој ќе биде одговорен за присилување на вакцинација само за добивање на сертификат, изгледа како злосторство“

Редакција

Откажан карневалот во Струмица поради корона вирусот

Редакција

Угинаа два коња во Зоолошка градина, најверојатно се отруени

Редакција