еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Русија може да го ограничи производството на нафта поради западните санкции

Рускиот вицепремиер Александар Новак денеска на прес-конференција изјави дека постои ризик од намалување на производството на нафта во Русија поради ценовните ограничувања на руските суровини што ги воведоа ЕУ и земјите од Г7.

Одговарајќи на новинарско прашање дали сега има предуслови за намалување на производството на нафта, вицепремиерот рече: „Да, постојат такви ризици. Ќе ги оцениме во блиска иднина“.

Новак претходно во февруари изјави дека производството во Русија во јануари останало на ниво од декември, околу 9,8-9,9 милиони барели дневно, а на почетокот на февруари било на исто ниво.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ мора да си ги исполни ветувањата за Македонија и Албанија, порача Метју Палмер на “Преспа форумот за дијалог“

Редакција

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година

Редакција

Стрелките еден час наназад: Зимското сметање на времето почнува в недела

Редакција