еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија предупредува: Артикот може да стане бојно поле по одлуката на Финска и Шведска за влез во НАТО

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката на Финска и Шведска да влезат во НАТО може да го претвори арктичкиот регион во меѓународно бојно поле.

Рускиот дипломат Николај Корчунов изјави дека Шведска и Финска претходно биле одговорни за безбедноста на Арктикот, но нагласи дека нивниот влез во НАТО воопшто нема да придонесе за мирот и безбедноста во арктичкиот регион.

-Гледаме дека меѓународната воена активност се зголемува на Арктикот. Постои таканаречена интернационализација на воените активности. Ова е, се разбира, многу вознемирувачки тренд што го претвора Арктикот во меѓународна арена на воени операции.

Тоа не може а да не не’ загрижи, рече Корчунов.

Тој, меѓудругото, нагласи дека фактот што Шведска и Финска се неутрални држави придонесе за мирот и стабилноста во регионот на Арктикот.

-Традиционалните политики на Финска и Шведска, политиките на неврзаност, одамна создадоа цврста основа за мир и стабилност во овој дел од светот. Потенцијално е малку веројатно дека пристапувањето на овие земји во НАТО ќе придонесе за оваа цел, заклучи рускиот дипломат.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерите на Полска, Чешка и Словенија ќе одат во Киев на средба со Зеленски

Редакција

Веста за апсењето на актерката Силвија Стојановска одекна на Балканот

Редакција

(Фото) Можен ризик од одрон на карпа од 20 тони над браната Матка, надлежните да ја проверат состојбата, апелира Ангелов

Редакција