Русија денеска соопшти дека ќе ги намали воените операции во Киев и Чернигов со цел да се зголеми меѓусебната доверба и да се создадат неопходни услови за понатамошни преговори.
Ова денеска го изјави заменикот министер за одбрана на Руската Федерација, генерал полковник Александар Фомин по руско-украинските разговори во Истанбул.
– Со оглед на тоа што разговорите за подготовка на договор за неутралност и ненуклеарен статус на Украина се префрлија на практично поле… донесена е одлука за радикално, неколкукратно намалување на воената активност во областите на Киев и Чернигов“, изјави Фомин.
Главниот преговарач Владимир Медински рече дека имало „смислена дискусија“ на разговорите и дека украинските предлози ќе му бидат доставени на рускиот претседател Владимир Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) И наводно отруениот Абрамович во Истанбул на преговорите меѓу Русија и Украина
(Фото+видео) „Само да нема војна“: Стиховите на Балашевиќ на бојното поле во Украина
(Видео) Руски тенкови низ Мариупол
МИА