еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија со закани кон Шведска и Финска: Пристапувањето во НАТО би имало сериозни воени и политички последици

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на Твитер им се закани на Финска и Шведска.

Во соопштението објавено од руското МНР, таа рече дека приемот на Финска и Шведска во НАТО ќе има многу сериозни воени и политички последици.

„Сметаме дека посветеноста на финската влада на воената политика на неврзаните е важен фактор за обезбедување безбедност и стабилност во северна Европа. Пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО би имало сериозни воени и политички последици“, напиша Захарова.

Руската закана доаѓа откако шефот на НАТО, Јенс Столтенберг денеска објави дека ги поканил Финска и Шведска, кои не се членки на воената алијанса, на виртуелен самит на кој ќе се разговараше за руската окупација на Украина.

МИА/Фото: Украинска влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Посредничка мисија: Утре во Скопје и Софија со предлог доаѓаат португалскиот министер Силва и еврокомесарот за проширување Вархеји

Редакција

Србија ја тргна забраната и за извоз на суровото масло за јадење за македонските компании

Редакција

Титан Усје и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

Редакција