Московскиот суд го осуди Алексеј Навални, главниот опозициски политичар во Русија на затворска казна од 2 години и 8 месеци. Пресудата предизвика реакции во светската јавност.
САД се длабоко загрижени од одлуката на руските власти да пресудат затвор, во замена на условната казна, соопшти денеска државниот секретар Ентони Блинкен.
„Навални, како и секој руски граѓанин, има права кои следуваат според рускиот Устав, и Русија има меѓународни обврски да ги почитува еднаквоста пред законот и правото за слобода на говорот и слободно собирање“, се вели во соопштението.
Се наведува дека Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во 2014 година заклучил дека пресудата против Навални, основа за новата пресуда, била „незаконска и селективна“ и „политичи мотивирана“.
„Сегашниот процес против Навални, што започна со неговото апсење на 17 јануари, е продолжување на напорите за газење врз неговите права поттиснување на политичкиот плурализам, претходно заклучено и од ЕСПЧ“, посочува Блинкен.
МИА/Фото: Фејсбук/Навални
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Навални: Сакаат да ме затворат за случај во кој веќе сум прогласен за невин
(ВИДЕО) Масовни протести во Москва за ослободување на Навални, уапсени над 1.000 лица