еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Рускиот опозиционер Навални доби уште девет години затвор

Лидерот на руската опозиција Алексеј Навални денеска е осуден на девет години затвор „за измама од особено големи размери“, јави ДПА.

Навални (45) беше прогласен за виновен за проневера на средства за неговата антикорупциска фондација – која сега е забранета во Русија – и за навреда на судија во претходно судење.

Претходно денеска судијката Маргарита Котова во пресудата наведе дека Навални „извршил измама, односно кражба на туѓ имот со измама и повреда на довербата“.

Според пресудата, судот ја утврдил вината на Навални за сите четири точки од обвинението за „измама од особено големи размери“.

Навални е најистакнатиот противник на долгогодишниот руски претседател Владимир Путин.

Повеќекратните правни постапки против него беа критикувани на меѓународно ниво како политички мотивирани.

Тој веќе издржува казна од неколку години во затворски логор во Покров, на околу 100 километри источно од Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот во Москва го прогласи опозицискиот лидер Алексеј Навални за виновен за измама „од особено големи размери“

(Видео) Путин има јахта вредна 700 милиони долари, тврди тимот на Навални

МИА/Фото: Навални/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Пендаровски со сопругата, вработените во кабинетот и волонтери подготвуваа посно јадење во пресрет на Велигден

Редакција

(Видео) Бурекот на македонката Спасија Динковски хит во Лондон

Редакција

Косово изгради модерен автопат до македонска граница, ние 13 километри до 2025

Редакција