еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанакиески и Спировски редовно го информирале Велјаноски за протестите на „За заедничка Македонија”, рече Русковска на судењето за „организатори на 27 април”

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјаноски, обвинет во случајот „организатори на 27 април”, имал задача по секоја цена да спречи избор на нов претседател на Собранието на 27 април 2017 година, изјави денеска обвинителката Вилма Русковска, во завршните зборови за овој предмет.

Таа во продолжение истакна дека обвинетиот Велјаноски, не го ставил на гласање предлогот на пратеникот Оливер Спасовски, кој имал потписи од 10 пратеници. Тоа, според обвинителката Русковска, не било сторено со единствена цел да не се избере нов претседател на Собранието.

– Улогата на обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски била да ги организираат протестите „За заедничка Македонија”, додека улогата на обвинетиот Владимир Атанасовски, била да укаже поддршка со акти на насилство и да се спречи изборот на претседател на Собранието, рече обвинителката Русковска.

Обвинителката Русковска, посочи дека обвинетите Јанакиески и Спировски, редовно го информирале обвинетиот Велјаноски, за протестите.

Во ова прилика обвинителката читаше дел од исказот на Александар Василевски – Нинџа, кој претходно изјави дека обвинетиот Владимир Атанасовски и Никола Бошковски (кој не е достапен на органите на прогонот) „ги координирале патриотските здруженија во протестите „За заедничка Македонија”“.

Изјавата на сведокот Стефан Младеновски, каде тој истакнува дека Нинџа во кафулето „Аристократ“ ги информирал дека доколку се избере влада народот ќе влезе во Собрание, според обвинителката Русковска, ја потврдува и обвинетиот Атанасовски, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), кој во својата одбрана вели дека го брифирал министерот Агим Нухиу дека „може да дојде до насилно влегување во Собранието“.

Дел од организаторите на „крвавиот четврток“ според Обвинителството е и поранешниот премиер Никола Груевски, кој според завршните зборови на Русковска, ги повикал граѓаните преку јавно обраќање „народот да не седи во папучи, да ја земе судбината во нејзини раце”.

Судењето за „организаторите на 27 април” e во фаза на завршни зборови. Во текот на овој судски процес во Кривичниот суд во својство на сведоци беа сослушани стотици лица од разни профили.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русковска: Обвинетите за „организирање на 27 април” знаеле точно што прават, фрлиле се на една карта

МИА/фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Урнебесни видеа: Како се справуваат луѓето низ светот со карантинот и самоизолацијата поради корона вирусот

Редакција

Македонија останува во кризна состојба до 30 јуни

Редакција

Горивата поевтинуваат од еден до 1,5 денари

Редакција