еМагазин
Image default
Македонија

Русковска: Рекетираниот бизнисмен се ослободува од одговорност од поткуп, бидејќи го пријавил делото

Давањето поткуп или рекет е кривично дело, но, има едно големо но, доколку тој го пријавил, се ослободува од одговорност, рече во интервју за „Канал 77“, обвинителката Вилма Русковска.

„Сведокот додека беше во куќен притвор, добив информација дека сака да се види со мене. Но, јас реков не, кога ќе излезе, ако излезе, кога сака може да дојде. Сумата оди нагоре, но за тоа немаме цврсти докази. Ние долго време ја работевме предистрагата, бидејќи имаше сомнежи дека можеби сведокот сака да им се одмазди на колегите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Затоа вршевме и толку проверки“, рече Русковска.

Како што објасни, сведокот отишол кај премиерот, му предочил мал дел од доказите што ги има по што премиерот ги информирал неа и јавниот обвинител Љубомир Јовевски дека има сознанија за сторено кривично дело и дека сака да дојде да поднесе кривична пријава. Со Јовевски го советувале дека е најдобро да дојде сведокот сам да пријави затоа што во секој случај знае многу повеќе и има поголеми детали од она што го знае премиерот.

Појаснувајќи ја причината зошто сведокот првин се пожалил кај премиерот, Русковска рече дека се работи за специфичен случај, затоа што првоосмничениот постојано бил во друштво со министри, обвинители, судии и, нагласи, едноставно луѓето немаат доверба.

Иако немаат, како што појасни, снимки од снимени комуникации, туку аудио и визуелни снимки од домот на сведокот,  тие ќе може да се користат затоа што, како што потенцираше, и Венецијанската комисија се има изјаснето дека кога е во прашање јавниот интерес снимки кои се прибавени на нелегален начин можат да се користат како доказ во постапката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русковска: Во СЈО има многу добри обвинители, со задоволство би соработувала со нив

Каков имот пријавила Вилма Русковска, која Заев ја предлага да го води „новото СЈО“

„Заев ако те сакала Катица вистински ќе ти се врати„: Tвитер за “новото СЈО“ кое ќе го води Вилма Русковска

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имаме мнозинство за гласање на новите министри од АА, вели кординаторот на пратеничката група

Редакција

Шеесет и две годишен охриѓанец осомничен за убиството на жената во село Велгошти

Редакција

Во апартманот на убиениот Орхан Бајрами Оки имало и две жени

Редакција