еМагазин
Image default
Македонија

Русковска: Се истражува рекет и врз други бизнисмени

Засега нема нови моменти во истрагата за случајот „Рекет“. Има сознанија и за други случаи на уцени кои се вршени од осомничените, неколку бизнисмени веќе дале изјава во обвинителството, но во моментов детали за тоа не можат да се откријат, вели обвинителката Вилма Русковска и посочува дека се уште не завршено вештачењето на запленетиот телефон на обвинителката.

-Имаме сознанија за други случаи, но не можам да ви кажам за колку лица се работи. Тие лица дадоа изјава и сега бараме докази за да ги потврдиме исказите, наведува Рускоска во изјава за „Дојче веле“.

Таа информираше дека се уште трае вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, што и беше одземен во понеделникот и дека, од тој аспект, нема нови моменти во истрагата.

Русковска вели дека „се уште не контактирале други обвинители и истражители од СЈО“ во врска со случајот „Рекет“, како и за предметот „Империја“.

Таа уште еднаш потврди дека премиерот Зоран Заев го информирал ЈО за случајот „Рекет“. Други случаи на уцена врз бизнисмени пријавени од страна на премиерот, немало.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русковска за „Независен“: Заев усно не извести за бизнисмените кои биле уценувани

Бизнисмени се обратиле до Заев, биле уценувани

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Како беше пречекана Меркел

Редакција

Креаторот на vaksajns.mk повикан на информативен разговор во полиција

Редакција

Дел од учебниците ќе се испорачаат викендов, дел следната недела

Редакција