Јавната обвинителка за организиран криминал, Вилма Русковска во интервју за емисијата „Код“ на телевизијата Телма вели дека со задоволство ќе соработува со обвинителите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Како што вели во интервјуто, таа и претходно изјавила дека во тоа Обвинителство има многу добри обвинители, многу способни така што со задоволство би соработувала со нив.
Русковска е предложена од премиерот Зоран Заев да биде прв човек на новата институција која ќе ги интегрира СЈО и ЈО и ќе се нарекува Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.
Во него е предвидено да работат обвинителите од двете институции.
Предлог – законот за јавно обвинителство следна недела треба да влезе во собраниска процедура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Вилма Русковска, која Заев ја предлага да го води „новото СЈО“
Русковска е почестена од предлогот на Заев да го води „новото СЈО“, но смета дека е рано за честитки
Фото: Телма