еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

САД забрани увоз на руска нафта и гас

Американскиот претседател Џо Бајден денеска сопшти дека САД воведуваат забрана за увоз на руска нафта и природен гас.

Во САД, цената на бензините е зголемена и со овој чекор таа се очекува да порасне уште повеќе, но притисокот на законодавците од двете партии во Конгресот беше силен со повиците Русија да се казни поради започнатата војна во Украина.

– Ова значи дека руската нафта нема повеќе да се прима во американските пристаништа и американскиот народ прави уште еден моќен удар врз таа воена машина, изјави Бајден.

Како што кажа, ова се едни од најзначајните економски и финансиски санкции досега наметнати кон една земја

Тој најави испуштање на 16 милиони барели нафта од заеднички нафтени резерви за да се намали притисокот врз цените на горивата, и ги повика нафтените копании да се однесуват одговорно и да не ја користат приликата за профитирање на грбот на американските потрошувачи.

– Руската агресија има цена. Ние сме спремни да ја платиме, но компаниите треба да се однесуваат одговорно, и да водат со пример, истакна Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кризата со гасот ќе се продлабочува: САД притискаат Европа да забрани увоз на руска нафта, Русија се закани дека ќе ги затвори вентилите до Германија

Ако САД забрани увоз на руска нафта, следат нови рекордни цени и инфлациски шок

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

6.500 службени возила ќе добијат специјални регистарски таблички во боја, за да се спречи злоупотреба

Редакција

(Фото) Андријана Јаневска стана доктор на науки, собра над 150 македонски народни песни во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора

Редакција

Нападите врз македонските Бугари и нивните здруженија влегоа во извештајот на Европската комисија за Македонија

Редакција