На 20.01.2019 година во 16.00 часот на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека патната исправа што ја дало на увид лицето Ќ.А.(31) од Република Албанија, не му припаѓа нему, информира МВР.
Бил извршен преглед на неговиот багаж, при што била пронајдена и албанска лична карта на име М.Д.(23) од Република Албанија, врз основа на која бил утврден и вистинскиот идентитет на лицето. Лицето било приведено и предадено на СВР Куманово за понатамошна постапка.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.