еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Само во Македонија: Затвореник во Идризово вршел измами преку мобилен телефон

Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против  Б.А. (33) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело “измама“ предвидено и казниво по чл.247 од КЗ на РСМ, информира МВР.

Пријавениот кој што е осудено лице на издржување казна затвор во КПУ Идризово, искористувајќи го невниманието на вработените лица од службата за обезбедување и нивниот пропуштен должен надзор над неговото сомнително однесување како осудено лице, во просториите на КПУ Идризово на непознат начин успеал да обезбеди мобилен телефонски апарат и сим картица, активирана и регистрирана на негово име како сопственик.

Имено, на 23.05.2018 со остварени повеќе телефонски јавувања на различни телефонски броеви и користење на интернет, со лажно прикажување на факти и лажно претставувајќи со различно име како лице што наводно е овластено и одговорно во невладина организација и дека во име на невладината организација врши нарачка и набавка на трговска стока го довел и одржувал во заблуда одговорниот работник за продажба во правно лице од Прилеп.

Притоа успеал да издејствува да му биде испорачана нарачаната трговска стока која не ја платил, на кој начин му причинил материјална штета на правното лице  во износ од 65.402 денари за кој износ се стекнал со противправна имотна корист.

Инаку против Б.А. во текот на 2017, 2018 и 2019  година од страна на СВР Скопје до Основно јавно обвинителство во Скопје поднесени се повеќе кривични пријави за постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“ со ист начин на извршување, со кои инкриминирани дејствија им причинил материјална штета на повеќе правнии лица за различни парични износи.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 32 лица од Ковид-19, вкупно 1.763

Редакција

Напролет нови парламентарни избори во Бугарија, петти за две години

Редакција

Супервештачењата за несреќата кај Ласкарци денеска во Кривичен суд

Редакција