Нелегалното следење и прислушување беше одлика на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, институциите ќе го расчистат случајот кој убедени сме дека е остаток од минатото, извршителите ќе бидат санкционирани, се вели во реакцијата на СДСМ на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
„Антинaродното ВМРО-ДПМНЕ е симбол за системско погазување на човековите права и слободи. Граѓаните, целата домашна и меѓународна јавност многу добро знае кој со години нелегално прислушуваше десетици илјади граѓани: режимот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
Очигледно е, случајот со снимените телефонски разговори во Основното јавно обвинителство е остаток од минатото и минатите владејачки недемократски структури предводени од ВМРО-ДПМНЕ.
Нелегалното прислушување и системското прекршување на правата и слободите на граѓаните беше нивна одлика.
Од таквите криминални и антинародни политики, Христијан Мицкоски никогаш ниту се огради, ниту се извини, ниту пак некогаш ги осуди. Напротив, тој прави се за да го одбрани Никола Груевски и неговиот криминал“, се вели во реакцијата.
СДСМ очекува од сите надлежни институции до крај да го расчистат овој случај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога СДСМ е на власт, во Македонија се прислушува
Да не „бомбардира„ и Груевски од Унгарија
Афера прислушување на Обвинителството и Основен суд Скопје 1: Кој не бил прислушуван?
Аферата со прислушувањето на обвинителите отвара дилеми: Кој стои зад „Големото уво“?