Собранието донесе историска одлука со која Македонија избра иднина наместо изолација. Патот кон НАТО и ЕУ е чист, а за тоа најголема заслуга имаат граѓаните, но и 80. пратеници во Собранието на Република Македонија кои низ демократска постапка им кажаа стоп на поделбите и ја поведоа Македонија кон национално обединување, велат од СДСМ по гласањето во Собрание да се отвори Уставот за предвидените уставни измени.
„Мицкоски, Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ синоќа уште еднаш потврдија дека се антизападни и антимакедонски партиски фигури кои на Македонија и носат само зло, криминал и сиромаштија. Граѓаните и огромното мнозинство во парламентот му свртеа грб на злото предводено од Мицкоски. Македонија одбра да продолжи по патот на интеграција и сојузништво. 80. пратеници слободно и по сопствено убедување гласаа за иднина во ЕУ и НАТО.
Поразениот Мицкоски сега ќе мора да престане со притисоците и сеењето страв и ќе мора да ги тргне своите режимски раце од сите пратеници во Собранието. Сега се создадени услови за уште поголема поддршка во Собранието за патот кој Македонија го избра, а тоа е спроведување на договорот од Преспа и зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ. Овој пат заслужува поддршка од сите пратеници во Собранието зашто подразбира економски просперитет, држава по европски правила и национално помирување помеѓу политичките фактори и помеѓу граѓаните.
Надлежните институции имаат обврска да ги заштитат пратениците од сите закани и притисоци кои ги прават Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почнуваат уставните измени: Добро утро, Северна Македонија
Стартува промената на Уставот: Која е процедурата понатаму