еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ со реакција за фејсбук-статусот на Груевски: Потврди дека е кукавица, но нема да побегне од правдата

Осудениот криминалец, Никола Груевски самиот потврди дека е срам и кукавица, но нема да побегне од правдата, се вели во реакцијата на СДСМ, на фејсбук-статусот на Никола Груевски, во кој тој вели дека е во Будимпешта и дека ќе бара политички азил.

„Осудениот криминалец Никола Груевски самиот потврди за себеси дека срам и кукавица. Во страв од соочување со одговорноста за криминалот Груевски побегна на подмолоен начин.

Криминалецот Груевски го допре дното, падна на најниско можно ниво. Со кукавичкото бегство, лажниот патриот, криминалецот Груевски покажа дека останува верен на казуата на криминалот што со години го приредуваше.Никола Груевски е срам за јавноста и срам за ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека институциите имаат обврска пред граѓаните да утврдат и да соопштат кој е одговорен за ова.

„Зошто не е одреден притвор или друг начин на обезбедување? Зошто со денови се чекаше и не се побара на време од МВР потерница, за да може да се активира одделот за потраги?“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Треба да се утврди дали Груевски е надвор од државата за да се знае дали е во бегство или не

Груевски се јави на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Твитер зовре за бегството на Груевски: „Нели Орбан беше против азиланти“

Фејсбук-коментари за бегството на Груевски во Будимпешта: „Шефе, јади гулаш, уживај и бери сила“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германски пратеник поднесе оставка оти добивал пари за да ја советува партијата на Груевски

Редакција

Во штипскиот ковид центар расте бројот на тешки случаи, од Ковид-19 починаа две лица

Редакција

За Бугарија не е проблем присуството на бугарскиот конзул за време на увидот на КЗСД во бугарскиот клуб

Редакција