еМагазин
Image default
Бизнис

Се градат објекти со вредност 392% поголема отколку во минатата година

Според податоците на Државниот завод за статистика во декември 2018 година се издадени 292 одобренија за градење, што е за 13.6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 8.519.871.000 денари, што е за 392.4 % повeќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 172 (58.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 42 (14.4 %)  за објекти од нискоградба и 78 (26.7 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 292 објекти, на 185 (63.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 107 (36.6 %) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 331 стан, со вкупна корисна површина од 37.669 м2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акции со најголем пад и раст во 2020 година

Редакција

Тито Беличанец по 27 години даде оставка од Надзорниот одбор на ТТК Банка

Редакција

„Лотарија на Македонија“ оствари добивка од 7,2 милиони денари

Редакција