еМагазин
Image default
Бизнис

Се намалува цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на  малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,8 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката од 20 јануари.

Од ноќеска на полноќ 00:01 часот на 28.01.2020 година, малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажните цени на еуродизел и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на дизелот изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,00 ден/лит, информираат од РКЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Кои компании кои котираат на Берзата лани работеле со добивка, а кои со загуба

Редакција

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата во „ББ+“

Редакција

УЈП распродава автомобили по багателни цени за да наплати данок

Редакција