еМагазин
Бизнис

Се намалува старосната граница за пензионирање на рударите

Владата на денешната седница го усвои Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што се намалува старосната граница за пензионирање на рударите.

Од владината прес-служба соопштија дека откако Министерството за труд и социјална политика ќе го достави законот во Собранието и тој ќе биде изгласан, рударите ќе можат да остварат право на старосна пензија со навршување на 40-годишен стаж за мажи и 35-годишен пензиски стаж за жени.

Со досегашниот закон рударите би заминувале во пензија на околу 58 годишна возраст, а со новиот закон тие ќе заминуваат во пензија на околу 50 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени акции од НЛБ Банка за 3,5 милиони денари

Редакција

Голем пад на индустриското производство во јуни

Редакција

Гранит лани со намалени приходи

Редакција