еМагазин
Локално

Се преврте автобус кај Кочани, шестмина повредени

Автобус се преврте попладнево околу 15 часот на влезот на Кочани кај хотел „Национал“ и заврши во отвор покрај железничката пруга. Според првичните информации, повредени се шест лица и итно се префрлени во Општата болница во Кочани.

Автобусот возел на релацијата Штип – Кочани и во моментот на несреќата немало поголем број патници. Неофицијално, возачот на автобусот се обидел да избегне возило што му го попречило патот, по што поради влажниот коловоз излетал од патот.

Увид во несреќата прави истражен судија, а сообраќајната полиција ги пропушта возилата наизменично.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повредена скопјанка која скокнала од кат од куќа за да се спаси од пожар

Редакција

Нов начин на плаќање на билет за ЈСП, преку бројот 185

Редакција

Жена тешко повредена по пад во отворена шахта на гробишта

Редакција