еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се проширува проектот МКкарта: Кои се новите 68 претставници на дијаспоратa

Листата на носители на МКкарта се проширува со вкупно 68 претставници на дијаспората по потекло од Македонија, информираат од Министерството за надворешни работи .

Од таму информираат дека меѓу новите имиња вклучени во проектот има научници и истражувачи, универзитетски професори, аналитичари во различни области, главни уредници на изданија на нашата дијаспора, лекари-специјалисти, директори на врвни клиники, уметници, бизнисмени, директори во врвни светски компании,  спортски тренер, врвен светски гастроном, млад книжевник и многу други.

Проектот МКкарта, како што велат од МНР, е замислен како мрежа на истакнати поединци на дијаспората во странство, кои со својот ангажман и континуирани напори дале значаен придонес во унапредувањето на пријателството, партнерството и блиската соработка помеѓу Македонија и новите средини во кои живеат, дале придонес во унапредувањето на односот и соработката на нашата држава со дијаспората, како и покажале исклучителен успех на професионален план.

-Покрај симболичното признавање на нивниот исклучителен труд, со проектот се зацврстува врската на овие истакнати личности со државата и отвора можности за засилена соработка и нивна институционализирана проактивна улога во Северна Македонија, велат од МНР.

Оваа е листата на новите носители на МКкарта (квалификациите и објаснувањата се на МНР):

Ефтим Митревски, главен и одговорен уредник на весникот “Преспа“, Албанија.

Леила Ислами, студент по лингвистика. Автор на два романи. Швајцарија.

Нада Караиванова, магистер по одржлив развој во добро позната компанија, Италија.

Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник на весникот “Илинден“ и претседател на здружението Илинден, Албанија.

Васил Стерјовски, универзитетски професор и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, Албанија.

Билјана Станоевска, здравствен работник и познато име на дијаспората во Австралија.

Љубен Киселовски, спортист и маратонец. Познато име на дијаспората во Австрија.

Нехат Мурати, финансиски аналитичар, Австрија.

Фидан Лимани, менаџер во банката Sparkasse и финансиски службеник ат ASVO NO. Советник во Општината Traisen во Австрија.

Дејан Рајчановски, надворешен експерт во Европска комисија во Брисел, Белгија.

Зорица Цветановска Мараус, виолинист, Босна и Херцеговина.

Стеван Јанковски, поранешен балетски уметник и професор во балетското училиште во Сараево, Босна и Херцеговина.

Кнегиња Риктер, директорка на медицинска клиника и врвен доктор во областа Sleeep Medicine во Германија.

Сашо Станисављевиќ, специјалист кардиолог и доктор на медицински науки, Германија.

Роберт Кленкоски, специјалист за телекомуникациска технологија, Германија.

Сабри Ибиши, наставник по дополнителна настава на мајчин јазик. Познато име на дијаспората, Данска.

Велимир Давидовски, вработен во Мајкрософт во Данска и директор на Одделот за продажба. Претседател на македонско-данското друштво за пријателство во Данска.

Невзат Ибиши, наставник по дополнителна настава на мајчин јазик. Познато име на дијаспората, Данска.

Рахел-Шели Леви Друмер, медицински истражувач од областа на биомедицина, Израел.

Љупка Делева, уметник, Италија.

Сузана Глигорова, познат кардиолог и кардиохирург, Италија.

Абдула Салихи, активист на дијаспората и претседател на здружението Рилиндја, Италија.

Енвер Рамадани, бизнисмен во областа на енергетиката и значајно име на дијаспората во Италија.

Неат Марку, професор по албански јазик и литература, со бројни објавени наслови. Познато име на дијаспората во Италија.

Бардул Дурмиши, бизнисмен и значаен поддржувач на активностите на дијаспората, Италија.

Фарук Незири, реномиран гастроном на светско ниво, Италија.

Ѓуран Селмани, бизнисмен и познато име во дијаспората, Италија.

Џон Битов, коосновач на Македонија2025 и бизнисмен. Познато име на дијаспоратаво Канада.

Изер Алиу, филмски режисер и автор на краткометражни филмови, Норвешка.

Блерим Решиди, познат стоматолог во Осло, Норвешка.

Горан Петровски, специјалист офталмолог и научник, универзитетски професор, Норвешка.

Славица Вејт, познато и важно име на дијаспората во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Панде Шахов, универзитетски професор по музика, Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Радмила Блажеска, магистер по сајбер безбедност во Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Валентина Стојческа, машински и воздухопловен инженер, доктор на науки, Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Влатко Андоновски, признат спортски менаџер во Соединетите Американски Држави.

Жикица Паговски, директор во Foreign Policy, Соединети Американски Држави.

Ајдин Бајрами, бизнисмен и познато име на дијаспората и хуманитарен активист во Соединетите Американски Држави.

Мајк Зафировски, коосновач на Македонија2025, основач и претседател на The Zaf Group во Соединетите Американски Држави.

Митре Кутановски, коосновач на Македонија2025, вмрежување на дијаспората во Соединетите Американски Држави.

Вера Ставроф, претседател и извршен директор на “Herbal Science” и Alkaloid USA”. Kоосновач на „Green Beauty”, Соединети Американски Држави.

Невенка Димитрова, успешен професионалец во областа на науката и технологијата за биомедицински податоци. Доктор по компјутерски науки. Поседува бројни патенти. Соединети Американски Држави.

Звонко Таневски, универзитетски професор за словенски филологии во Братислава, Словачка.

Субија Тајроски, менаџер и познато име на дијаспората во Словенија.

Мурат Луши, дијагностички радиолог, Турција.

Мехмет Ибраими, научник и автор на бројни книги и студии од областа на турската култура и архитектура на Балканот, Турција.

Сухејб Сулејмани, лекар специјалист со објавени публикации во област на медицината, Турција.

Панче Грцев, проектен менаџер, Холандија.

Јана Митев, меѓународни односи и психологија, Холандија.

Верица Пандилоска Гичева, основач на ЕУ институт Скопје, Холандија.

Небојша Јованов, предавач на меѓународни бизнис студии, Холандија.

Гоце Ѓорѓиоски, лекар-стоматолог, познато име на дијаспората во Холандија.

Ана Вукелиќ, универзитетски професор по математика, Хрватска.

Александар Маршавелски, асистент на Правниот факултет во Загреб и Доктор на науки, Хрватска.

Халит Нуриши, активист на дијаспората, Хрватска.

Мафиз Зендели, прокурист и менаџер, Хрватска.

Лујза Груева, лекар-специјалистпо кардиологија, Хрватска.

Нухи Исмаили, познато име на дијаспората. Спортски и хотелиерски менаџер. Добитник на бројни признанија во Хрватска.

Арјан Џеладини, директор на ИТ компанија во Швајцарија.

Башким Исени, директор на канцеларијата за интеграција во Лозана и основач на Албинфо, Швајцарија.

Севдаил Тахири, директор на Албинфо, Швајцарија.

Насир Рустеми, здравствен работники познато име на дијаспората, Швајцарија.

Гзим Амити, менаџер и познато име на дијаспората, Швајцарија.

Дашмир Ибиши, виш аналитичар на податоци во позната фирма, Швајцарија.

Бехар Беќири, специјалист по сајбер безбедносна во позната фирма во Швајцарија.

Милена Георгиевска, главен и одговорен уредник на „Македонски глас“, Хрватска.

Заим Јашари, бизнисмен и познато име на дијаспората во Швајцарија.

Ердован Етовски, познато име на дијаспората и претседател на здружението МАК-МЕЛ со активност во Швајцарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маркетот на Лидл во Кавадарци ќе почне да се гради наскоро

Редакција

Мал број ученици се заболени од Ковид-19, вели Филипче

Редакција

Бизнисменот Фатмир Етеми ги демантира наводите за кривичната од МВР

Редакција