еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Се разгорува акционерската битка во „Реплек“: Продаден блок акции за 283.000 евра

Во блок-трансакција вредна 17,4 милиони денари или околу 283.000 евра вчера на Македонската берза се продадоа 153 акции од „Реплек“.

Акциите се продадоа по цена од 113.839 денари за акција.

Продажбата доаѓа во пресрет на продолжението на седницата на Собрание на акционери на која треба да се расправа за работењето на менаџментот на компанијата, а којашто е закажана за задутре (22 април).

Поради акционерските несогласувања во „Реплек“ во изминатиов период има голема побарувачка за акции, што поттикна пораст на вредноста на акцијата.

Последната битка меѓу крупните акционери околу превласт во компанијата најверојатно ќе се води утре за кога е закажана јавна берзанска аукција на пакет од 1.783 акции издадени од „Реплек“ што претставува 6,88% од основната главнина на друштвото.

Почетната продажна цена изнесува 135.000 денари по акција преку моделот „се или ништо“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Тепачка“ за акции од „Реплек“: Продаден блок вреден 93.000 евра

Предложени четири кандидати за Надзорниот одбор на „Реплек“

Акцијата на „Реплек“ стана повредна од злато: Следува ли битка за менаџерските позиции?

На продажба пакет од 1.783 акции на Реплек преку моделот “се или ништо“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Миле издржи и мене не ми е лесно“: Твитер реакции за фотографијата на Груевски од бизнис забава во Будимпешта

Редакција

70-годишник се фрли од прозорец во ковид-центарот на „8-ми Септември“ и почина

Редакција

118 нови случаи на Ковид-19 од 1.245 тестирања, активни 8.096

Редакција