еМагазин
Image default
Бизнис

Се затвора комплексот „Македонско село“

Комплексот Македонско село се затвора од утре, а менаџментот одлуката ја објави на Фејсбук.

„Ве информираме дека менаџментот на комплексот Македонско село донесе одлука за затворање на комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток). Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години“, информираат од таму.

Министерство за економија, неодамна го прогласи за Најуспешен ресторан.

Поранешната Влада во изградба на селото вложи 5,2 милиони евра, дополнителни 1,3 милиони евра беа потрошени за внатрешно уредување, 24.000 евра чинеа трите електромобили набавени за пренесување на куферите на гостите во селото, 4.200 евра чинеа патоказите и ознаките за комплексот, 2.700 евра чинеа клупите и корпите за отпадоци.

Концесионер на „Македонско село“ е поранешниот градоначалник на Општина Центар и сопственик на „Квинс хотел“ и „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ кој во следните 20 години треба да стопанисува со селото и да плаќа кирија од 3.500 евра.

Фото: Фејсбук/Македонско село

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто ќе се затвори „Македонско село“: Економска неисплатливост или македонска работа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еуро-фарм“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на лекот „Нусинерсен“ вреден 2,5 милиони евра

Редакција

Трговскиот центар East Gate Mall се отвара во октомври

Редакција

Аутомакедонија со зголемена добивка во првиот квартал

Редакција