Во време на „истенчени“ нерви, психолошки притисок, но и тешка економска криза што ги предизвика корона вирусот, „еМагазин“ го прославува својот седми роденден.
Изминативе седум години се случија неверојатни промени на политички и економски план во Македонија, но се чини дека никој не претпоставуваше дека ќе доживееме заразите од научно фантастичните филмови да станат реалност односно дека ќе мораме да се шетаме со маски за да се заштитиме од корона вирусот.
Во овој период, покажавме дека во Македонија може да опстои независен медиум, кој е пазарно ориентиран и кој секојдневно ги информира граѓаните исклучиво со вистинити и проверени информации.
Нашата решителност за борба против лажните вести и влијанија од различни центри секојдневно ја препознаваат се поголем број читатели и клиенти, што ни претставува особено задоволство и поттик за работа.
Како општествено одговорен медиум, во ова време на неизвесност со правилно информирање за корона вирусот ќе се обидеме да придонесеме што побргу да се извојува битката против оваа болест.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) За 7. роденден еМагазин подели бесплатни заштитни маски на граѓани
Следете не:
Портал: emagazin.mk
Фејсбук: facebook.com/emagazin.mk
Твитер: twitter.com/emagazin2
Инстаграм: instagram.com/emagazin.mk