еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Седум години затвор за татко кој ја продаде ќерка си за 6.000 евра

По одржана главна расправа на која беа изведени материјални и вербални докази, во Основниот кривичен суд – Скопје е објавена пресуда со која обвинетиот Т.Д. е огласен за виновен за сторено кривично дело Трговија со дете од член 418-г став 1 од Кривичниот законик и е осуден на казна затвор во траење од седум години.

„Предметниот кривично правен настан се случил во 2013 година кога Т.Д. ја присилил на брак својата тогаш 17 годишна ќерка и ја продал за 6.000 евра на семејство во Словенија.

Оштетената малолетничка таму од страна на новото семејството била третирана како предмет на купување, за што надлежниот суд во Марибор во декември 2015 година ги осудил сопругот и неговите родители и им изрекол ефективни затворски казни.

За случајот словенечкиот јавен обвинител го извести Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Надлежен јавен обвинител веднаш започна истрага за кривично правниот настан против таткото на оштетената.

Преку меѓународна правна помош за случајот беа обезбедени докази и разменети информации со словенечките колеги. Во текот на истрагата се утврди дека родителите на момчето го договориле бракот и таткото на малолетничката дал согласност невестата да ја даде за пари на човек што прв пат го гледа, а кога малолетничката се спротивставила обвинетиот физички ја нападнал и ја присилил на брак“, се вели во соопштението на Обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Самит на Македонија 2025: Просперитетни економии преку општествена трансформација, диготализација и стратешко лидерство

Редакција

Лажна кампања на платформи за тргување со крипто валути, граѓаните да не отвараат сомнителни линкови

Редакција

Старите модни парчиња повторно оживуваат со Re: store во „Лабораториум“

Редакција